Северна Кореја повторно се закани со атомско оружје, два дена откако јужнокорејскиот министер за одбрана изјави дека Пјонгјанг ги привршува подготовките за четвртата нуклеарна проба.
Според пишувањата на корејските медиуми, Северна Кореја „јасно го изнела својот став дека ќе преземе контрамерки вклучувајќи нуклеарна проба за да го заштити суверинитетот и достоинството на земјата.“
Американскиот Институт за наука и меѓународна безбедност соопшти дека сателитските снимки од претходниот ден покажуваат вршење на активности на северно-корејска локација за нуклеарно тестирање, вклучувајќи движење на возила, камиони и цистерни.