Северна Кореја: САД се ‘сѐ поупорни во непријателството’ кон нас

Сверна Кореја ги обвини во четвртокот Соединетите држави дека се „сѐ поупорни во своите непријателства“ кон Пјонгјанг, и покрај потезите насочени кон придвижување на дијалогото меѓу двете земји.

Овие забелешки се објавено само неколку дека откако севернокорејскиот државни гласила го поздравија историскиот состанок меѓу севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп во Демилитаризиранта зона (DMZ), границата меѓу двете Кореи.

Севернокорејската дипломатска мисија во Обединетите нации во своето соопштение се повикува на посмото коешто САД, Велика Британија, ФРанција и Германија им го упатиле на сите мисии во светската организација, повикувајќи на репратријација на сите северокорејски работници во странство, бидејќи така наложувале санкциите на ОН против Северна Кореја.

Ваквата мерка имаше цел Корејците од Северот кои работат во странство да не може да заработуваат пари за кои Западот смета дека ги зема всушност владата на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун. САД велат оти се убедени дека Пјонганг заработува речиси 500 милиони американски долари годишно од речиси 100.000 работници кои работат во странство, од кои 50.000 во Кина и 30.000 во Русија.

Советот за безбедност при ОН носеше серија санкции, секој круг поостар, кон Северна Кореја од 2006 година за да се натера оваа комунистичка земја да ги затвори своите нукеларни и ракетни програми. Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун одржаа последните половина година две дотогаш незамислив средби за да договорат денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Резолуцијхата на ОН од декември 2017-та бара од земјите да ги пријават до комисијата за санкции при светската организација до март годинава сите севернокорејска работници кои ги вратиле назад во Северна Кореја во текот на 2018 година, „вклучително и објаснување за тоа зошто вратиле помалку од половината“.

Писмото јасно покажува, се наведува во соопштението, дека „Вашингтон, додека зборува за дијалог меѓу Демократска Народна Република Кореја и САД, всушност сѐ повеќе се непријателски настроени ДПРК“. „Смешно е“, се додава во соопштението, дека САД на санкциите против Северна Кореја, како на „лек за сите проблеми“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата стана првиот актуелен америакснки претседател во историјата кој зачекорил на почвата на Северна Кореја, кога во текот на средбата со Ким Џонг-ун ја пречекори линијата на раздвојување во селото Панмниџом.

Американската политија и натаму заговара санцкии, но Трамп во повеќе нарати повтори дека не брза да ја притиска Северна Кореја околу прашањето на денукеларизацијата, сѐ додека таа не изведува нукларни тестови и истрелува балистички проектили.