Северна Кореја: Санкциите на САД се кривично дело

Официјален Пјонгјанг оценува дека најновиот американски Закон, со кој се засилуваат санкциите кон Северна Кореја се кривично дело, соопшти севернојирејското Министерство за надворешни работи.

– Усвојувањето на уште еден пакет еднострани санкции од страна на САД е кривично дело. Со тоа директно се прекршуваат Повелбата на Обединети нации и меѓународното право. Северна Кореја најсилно ги осудува и отфрла така наречените еднострани американски санкции. Другите држави, исто така, би требало сериозно да размуслуваат за овие срамни и противзаконски акции на американската Влада, се посочува во соопштението.

Во средата американскиот претседател Доналд Трамп потпиша Закон со кој се воведуваат дополнителни санкции кон Русија, Иран и Северна Кореја.