Северна Кореја се закани дека ќе одговори со „бесмилосни напади“ на планираните заеднички воени вежби на Јужна Кореја и на САД, што се планирани за 17. август, се наведува во соопштението од Комисијата за мирно обединување на татковината, дистрибуирано од Корејската централна новинска агенција.
Во соопштението се посочува дека Северна Кореја е „целосно подготвена да се справи со сите методи за водење на војна“.
Претстојната воена вожба во која ќе учествуваат околу 2.000 војници оценета е како „подготовка за напад врз Северна Кореја “ и е еднакво на „објавување на војна“.
Егзекутиран првиот вицепремиер на Северна Кореја
Првиот вицепремиер на Северна Кореја Чое Јонг-гон е погубен поради изразување незадоволство со политиката на лидерот Ким Џонг-ун, објави МИА.
Според истиот извор наредбата за неговата егзекуција била издадена во мај лично од лидерот на Северна Кореја.
Како причина за стрелањето на Чое се наведувда неговата критика кон политиката на раководството во Пјонгјанг во областа на шумското стопанство.
Северна Кореја ќе воведе своја временска зона
Северна Кореја најави дека следната недела ќе воведе своја временска зона, така што актуелното време ќе го врати назад за 30 минути.
Локалното време во Северна Кореја и Јужна Кореја и Јапонија е исто, девет часа понапред од Гринич, кое е воведено од Јапонија додека управувала со Кореја од 1910 до 1945 година.
Новата временска зона ќе почне да се применува на 15 август, на 70-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонското управување и крајот на Втората светска војна.
Професорот по севернокорејски студии на Универзитетот во Сеул, Јанг Мо-јин истакна дека ваквиот потег на Пјонгјанг веројатно има за цел со антијапонските националистички чувства да се зајакне лидерството на Ким Јонг-ун во Северна Кореја.
Јужна Кореја тврди дека ја користи истата временска зона како Јапонија, бидејќи е попрактично и согласно меѓународната пракса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
ВИДЕО: Хијанг од Северна Кореја е вистнски хит на СП во Казан
Северна Кореја: Немаме интерес да се откажеме од нуклеарното оружје