Северна Кореја соопшти денес дека е подготвена да влезе во „тотална војна“ за да се одбрани, во моментот на заострување на односите со Јужна Кореја, по размената на оган во четвртоткот помеѓу двете земји во западниот дел од демилитаризираната зона, јавува Танјуг.
Северна Кореја подготвена да влезе во „тотална војна“
Министерството за одбрана во Пјонгјанг го упати ова предупредување, уште еднаш тврдејќи дека земјата не ја предизвикала размената на огнот со Јужна Кореја, обвинувајќи го Сеул дека ги фабрикува информациите дека Северна Кореја пукала прва.
Ставот на војската и народот на ДПРК не е само да возвратат или да се осветат, туку и да не ја отфрлат тоталната војна за да го заштитат сопствениот опшштествен систем, својот сопствен избор, тогаш кога животите им се загрозени, се наведува во соопштението што го објави државната Корејска централна новинска агенција.
Во соопштението се додава дека моменталната состојба стасала до работ на војна и дека тешко може да се контролира.
Истекува рокот за демонтирање на мегафоните, војската во Пјонгјанг подготвена
До заострувањето на состојбите дојде во четвртокот по размената на артилериски оган помеѓу двете Кореи. Сеул тврди дека огнот прво бил отворен од страна на Северна Кореја поради мегафоните што Јужна Кореја ги користи за антикомунистичка кампања на границата. Пјонгјанг веднаш ги отфрли овие обвинувања.
Генералштабот на Корејската народна армија му предаде на Сеул соопштение во кое што се дава рок од 48 часа до 22-ри август да бидат демонтирани мегафоните што се користат за влијание врз севернокорејските војници и прекин на психолошката војна. Во спротивно Пјонгјанг се закани дека ќе започне „силни војни дејствија“.
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг – ун и наложи на војската до денеа попладне по локално време на прејде на ниво на полна борбена готовност, наведувајќи дека земјата е во „полувоена состојба“.