
Транспарент со „Северна никогаш, Македонија секогаш“ се рашири на трибините на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Пораката ја испрати навивачката група „Комити“ за време на дуелот меѓу Вардар и Пјуник во реваншот од првото коло во Лигата на Европа.
Претходно, точно на 21 минута од натпреварот, тие го развеаја ликот на Никола Саздановски, 21-годишното момче кое почина по неколкудневна кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица.