Севернокорејски хакери ги загрозуваат финансиските системи, тврдат САД

Функционери од американската администрација предупредија во средата на опасноста од севернокорејски хакери, особено во банкарскиот и другите финансиски сектори.

Причина за предупредувањето, коешто заеднички го издадоа американскиот Стејт департмен, американските министерства за финансии и за национална безбедност и Федралното биро за истраги (FBI), не е јасен.

Севернокорјески хакери веќе подолго време се обвинувани дека напаѓаат финансиски институциим, а содржината на споменатата американска објава веројатно се темели на веќе објавените материјали.

Американските владини агенции засега не одговориле на прашањата на медиумите за коментар, како ниту севернокорејската мисија при Обединетите нации.

Северна Кореја е обвинувана дека стои зад амбициозна долгогодишна кампања на дигитални кражби, вклучително и извлекување десетици милиони долари во готовина од банкомати, големи гражби во водечките банки, изнудување пари од компјутерски корисници во светот и преземање на дигитални парични трансфери, а ова глобално грабање пари предизвикува сѐ поголема меѓународна загриженост.

Минатата година, на пример, во извештајот на ОН беше наведено оти се проценува дека Северна Кореја „со раширените и сѐ пософистицирани“ хакери активности собрача две милијарди американски долари за нејзината програма за производство на оружја за масовно уништување.

Во споменатото предупредување од средата американските функционери наведуваат дека севернокорјските онлајн активности ги загрозуваат САД и земјите низ целиот свет, како и дека „особено, претставуваат закана за интегритетот и стабилноста на меѓународниот и финансискиот систем“.