Севернокорејски пребег кој живееше во Јужна Кореја бил уапсен во вторникот откако со украден автобус влетал во барикада на мост недалеку од силно утврдената и милитаризирана граница во очигледен обид да се врати дома во Северна Кореја, објави јужнокорејската новинска агенција Yonhap.
Инцидентот се случил околу 1:30 часот по локално време на мостот Тонгил во Пају, северозападно од главниот град Сеул, откако мажот ги игнорирал предупредувањата од војниците кои го чувале мостот и се обидел да го помине, објави Yonhop, повикувајќи се на полициски извори.
Полицијата во Пају прашањата за поединости од инциденот ги препратува до провинциските полициски власти, но полициската станица Гјеонџи на северот на земјата не можела да биде конактирана, пишува Reuters.
Мажот на околу 30 години, кој пребегнал во Јужна Кореја пред повеќе од една деценија, ѝ рекол на полицијата дека се обидува да се врати во Северна Кореја откако се обидел да се прилагоди на животот и трајно да се насели во Јужна Кореја, се вели во извештајот.
Многу е невообичаено севернокорејците кои ја напуштиле својата изолирана земја да се обидат да се вратат таму, тврдат јужнокорејските медиуми, иако многумина се обидуваат да се прилагодат на поинаков начин на живот во демократско, капиталистичко општество во соседната земја.
Од јуни оваа година, околу 34.200 житело на Северна Кореја се преселиле во Јужна Кореја, главно по напорни, понекогаш опасни по животот патувања, најчесто преку Кина во обид да избегаат од сиромаштијата и угнетувањето дома, според Министерството за обединување на Сеул.
Министерството се занимава со прекугранични прашања и дава поддршка за преселување на пребезите. Според податоците на Министерството од 2022 година, околу 30 пребези се вратиле на Северот од 2012 година, но активистите велат дека може да има уште многу непријавени случаи.
На почетокот на 2022 година, 30-годишен пребег направи редок и ризичен потег, враќајќи се во Северна Кореја преку силно утврдената граница, откако не успеал да се прилагоди на животот во Јужна Кореја, што предизвика дебата за тоа како таквите пребези се третираат во нивната нова татковината.