Севернокорејски хакери осомничени за создавање на вирусот WannaCry

Експерти за кибернетичка безбедност наводно пронашле докази коишто може да ја поврзат Северна Кореја со глобалниот кибернетички напад со вирусот WannaCry со кој се погодени повеќе од 300.000 компјутери ширум светот, а истовремено властите во многу земји се обидуваат да ги спречат хакерите да ја прошират новата верзија на вирусот.

Експертот на јужнокорејската компанија за кибернетичка безбедност „Hauri Labs’“, изјви во вторникот дека нивните откритија се совпаѓаат со оние на компаниите „Symantec (SYMC.O)“ и „Kaspersky Lab“, коишто соопштија во понеделникот дека некои од кодовоите во претходната верзија на вирусот WannaCry, исто така, е појавиле во програмите коишто ги користела хакерската група „Lazarus“, коишто некои стручњаци ја идентификуваа како одговорна за операциите на хакирања кои ги води Северна Кореја, пишуа Daily Mail.

„Тос е слично на севернокорејските малициозни кодови“, изјави Сајмон Чои од „Hauri Labs“ кој направил екстензивно истражување на способноста за хакирање од Северна Кореја и кој работи како советник за јужнокорејската полиција и за тамошната национална разузнавачка служба.

И од „Symantec (SYMC.O)“ и од „Kaspersky Lab“ соопштија оти е прерано да се каже дали Северна Кореја е вмешана во нападите врз основа на доказите кои на Twitter ги објави експертот на „Google“ за безбедност на интернет Нил Мехта. Нападите, коишто забавија во понеделникот, се меѓу најбрзо ширечките кампањи за изнудување кои досега се регистрирани.

Меѓутоа, за разлика од другите делови на светот, а особено Европа, во Азија штетите се ограничени.

Виетнамските државни медиуми известија во вторникот дека се погодени повеќе од 200 компјутери. Тајванската компанија „Taiwan Power Co.“ објави дека речси 800 нејзини компјутери се заразени со вирусот, но и оти тие се употребуваат за административни работи а не за системи вклучени во производството на електричната енергија.

Уште една голема компанија за кибернетичка безбеднсот „FireEye Inc“ (FEYE.O), исто така, истражива, но е претпазлива во поврзувањето на напаот со Северна Кореја. „Сличноста којашто ја забележуваме меѓу малверот поврзан со таа група и со WannaCry не се доволно впечатливи за силно да укажуваат на заеднички оператор“, истакна нејзиниот експерт, Џон Милер.

Американски и европски безбедносни функционери изјавија за Reuters, под услов да останат анонимни, оти е прерано да се каже кој би стоел зад овие напади, но не ја исклучија можноста дека тоа е Северна Кореја.

Се верува дека хакерите од групата „Lazarus“ во 2014 година ја хакираа компјутерската мрежа на компанијата „Sony Pictures“, како и дека од една банка во Бангладеш успеале да украдат 81 милион долари.