Севернокорејскиот лидер има трето дете

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун го добил третото дете јужнокорејската новинска агенција Yonhap, откако неговата сопруга неколку месеци од мината гоина не се појавувала во јавноста.

Првата дама Ри Сол-ју го родила нивното трето дете во февруари, додава агенцијата, пренесувајќи изјави на јужнокорејски фукнционери кои таа инфорамција ја добиле од јужнокорејската Национална разузнавачка служба (NIS).

Сопругата на Ким Џонг-ун во текот на минатата 2016 година не се појавувала во јавност, што ги поттикнало нагаѓањата за можна бременоста,

Од претходните извештаи на NIS се гледа дека Ри Сол-ју се венчала со Ким Џонг-ун во 2009 година, дека првото дете им се родило веќе следната година, а второто во 2013 година.

Во Северна Кореја на власт е третото поколение на семејството Ким. Меѓутоа, информациите за животот на ова семејство многу ретко излегуваат во јавноста.