Северот на Италија под силен дожд, Венеција повторно потопена

ANSA/ANDREA MEROLA

Неколку региони на северот од Италија во неделата сѐ уште се под влијание на бран дождливо време коешто трае веќе две седмици, а жителите на Венеција повторно се загрижени од новиот воден бран.

Покраината Пиемонт е погодена од силен дожд, а најкритично е во областа на Александрија, јужно од Торино, од каде 200 лица биле принудени на евакуацијата, а 600 се изолирани откако од коритата се излеаја неколку реки. Според медиумите, една жена се смета за исчезната.

Во соседната покраина Лигурија и натаму на сила е „црвениот“ метеоаларм, откако поради пороите од кал е затворен автопатот меѓу Џенова и градот Вентимиља, сместен близу француската граница. Посеверно, во покраината Вале д’Аоста, евекуирани се 500 лица по затворањето на неколку регионални патишта поради големата опасноста од лавина.

Десет дена по низата водени бранови, незапаметени во последните седум децении, Венеција во недалата утрото повторно ја дочека нов плимен бран висок 130 сантиметри. Италијанските телевизии прикажуваат снимки на луѓе кои одат по Плоштадот на свети Марко низ водата која е повисока од колениците. До пладнето бранот значително се повлекол.

Попладнето треба да се одржат протести на повик на движењето „No Grandi Navi“ (Не за големите бродови), чија цел е да се осуди неактивноста на властите во врска со катастрофата која му се заканува на овој средоземен бисер ставен на листата културно светско наследство на УНЕСКО. „Да ја спасиме Венеција од големите обродови, од MOSE, од климатските промени и од нејзиниот градоначалник“, е мотото на организаторите кои со години повикуваат на забраната за впловување на големите туристички крстосувачи во заливот.

Организаторите на протестот, исто така, бараат и мораториум за проектот MOSE, актоноим за експерименталниот електромеханички модул, состем против пловилата кој и натаму е во изработка, иако е започнат уште во 2003 година. Досега требаше да биде довршен, но одложуван беше поради лошите и бавни работи и корупцијата, Сметаат дека е нефункционална дупка без дно за пари и е оптоварен со афери и корупција. Станува збор за заштитен систем кој со помош на 78 подвижни брани би требало да го изолира Венецискиот залив од Јадранското Море на ниво од плимен бран од 110 сантиметри па до три метра.