Севилја ѝ откина бод на Барса, на потег е Реал

19 June 2020. EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Во средбата од 30-то коло на шпанското фудбалско првенство, Севилја и Барселона на стадионот „Санчез Писхуан“ одиграа без голови, што му дава можност на Реал Мадрид со победа против Реал Сосиедад бодовно да се израмни со каталонскиот клуб на врвот.

Каталонскиот клуб ја прекина победничката низа од три првенствени меча. Севилја, пак, ја продолжо серијата без пораз на седум последователни натпревари. Последен пат беше поразена на 9-ти февруари со 1:2 на гостувањето кај Селта и оттогаш оствари три победи и четири ремија.

Барселона од самиот почеток ја притинса Севилја, но првата шанса ја имаа домашните во 11 минута, но Коунде шитураше крај голот. Десет минути подоцна од слободен удар се закани Меси, но немаше промена на резултатот. Најдобрата шанса во првото пилувреме ја имаше Барса во 25 минутиа, кога шитурирше Суарез а голманот Вацклик ја одби топката, но во продолжението на акцијата не се снајде Брејтвахт.

Во 55 минута Севилја го забележа првиот удар во рамките на противничкиот гол. Окампос шутираше, но Тер Штеген одлично реагираше. Во 73 минута Меси уште еднаш се обиде од слободен удар, но чешкиот голман беше добро поставен. Каталонците можа да дојдат до победата во 88 минута, кога Жорди Алба нафрли од десната страна, Луиз Суарес шитураше но над голот. Во последните моменти Севилја имаше одлична шанса, но Тер Штеген со врвна интервенција реагираше на ударот на Серхио Регуијон.

Барселона сега има 65 бодови, три повеќе од Реал Мадрид со меч помалку, а Севилја е трета со 52 бода, исто така, три бода повеќе од четвртиот Атлетико Мадрид.

Мајорка и Леганес во претходно одиграниот меч ремизираа 1:1. Домашните поведоа во 9 минута со голот на Салва Севиља, а израмни Оскар Родригез три минути подоцна.

Мајорка е 18-та со 26 бодови, два повеќе од претпоследниот Еспањол и последниот Леганес, кому може да му се придружи на дното по крајот на колото.

Вилјареал на гостувањето ја победи Гранада со голот на Морен во 11 минута. Вилјареал се зацврсти на 7-то место со 47 бодови, додека Гранада моментално е 9-та со 42 бода и ќе остане на тоа место доколку Атлетик Билбао не постигне победа во ова коло.