Предноста на домашниот терен се покажа како пресудна кога се во прашање неделните натпревари од 32. коло во шпанската Примера дивизион.
Најголемо внимание привлече дуелот помеѓу екипите на Севилја и Еспањол, а истиот заврши со убедлив триумф на домаќинот од 4:1.
Два погодока постигна францускиот интернационалец, Кевин Гамеиро, а во листата на стрелци се запиша и репрезентативецот на Хрватска, Иван Ракитиќ.
Со идентичен резултат и со големо славје на домашните фанови, заврши пресметката помеѓу големите ривали, Малага и Гранада, а без победник и без погодоци заврши дуелот помеѓу екипите на Ваљадолид и Валенсија.
Само еден погодок, кој заврши во гостинската мрежа, беше постигнат на натпреварот помеѓу екипите на Елче и Гетафе.