Западот не треба да ги игнорира предупредувањата на рускиот претседател Владимир Путин во врска со одговорот на Москва на украинските удари од долг дострел, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во четвртокот Путин објави дека Русија ја искористила својата нова хиперсонична балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ за да уништи воено-индустриски објект во Днипро (поранешен Днепропетровск) во Украина. Нападот беше изведен како одговор на нападите на Киев на меѓународно призната руска територија со помош на американски ATACMS и британски проектили Storm Shadow, рече тој.
„Сметаме дека имаме право да го користиме нашето оружје против воени објекти на оние земји кои дозволуваат употреба на нивното оружје против нашите објекти, а во случај на ескалација на агресивни дејствија, ќе одговориме решително “, предупреди Путин.
Во интервју за радио Кошут во петокот, Орбан, кој е еден од ретките европски лидери кои одржуваат контакт со Москва за време на нејзиниот конфликт со Киев, рече дека комуникацискиот систем во руското општество е значително различен од оној во ЕУ.
„Понекогаш ние, западноевропските носители на одлуки, не го земаме тоа предвид“ кога се занимаваме со Москва, рече тој.
Унгарскиот премиер предупреди дека „ако рускиот претседател каже нешто, тоа не е муабет, тоа има тежина и последици“.
Тој додаде дека политиката на Запад е 80% разговор и само 20% акција, при што дури и највисоките функционери често даваат изјави кои не се проследени со конкретни потези.
Во Русија не е така, објасни тој, предупредувајќи дека зборовите на Путин мора да се сфатат сериозно и да се толкуваат во логиката на војната.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, им рече на новинарите дека САД „нема да бидат попречени“ од она што Москва го опиша како „борбен тест“ на својата нова балистичка ракета со среден дострел. „Ние ќе продолжиме да им помагаме на Украинците“, рече таа.
Во четвртокот, српскиот претседател Александар Вучиќ, исто така, го повика Западот да ги послуша предупредувањата на Путин. „Ако мислите дека можете да нападнете сè на руска територија со западна логистика и оружје без да добиете одговор, и дека Путин нема да употреби оружје што смета дека е неопходно, тогаш или не го познавате или сте ненормални“, рече Вучиќ..