Шаќир Фетаху е избран за поглавар на Исламската верска заедница, откако претходниот поглавар Сулејман Реџепи беше разрешен. За изборот на Фетаху гласаа 18 претставници, а тројца беа против неговиот избор.
– Денес е одличен ден за сите муслимани во Република Северна Македонија, денес победи ИВЗ, денес победивме сите, човечкото и конструктивното. Од денес, имаме голема доверба и одговорност да го претставиме исламот во неговиот оригинален и традиционален дух – рече новоизбраниот поглавар на ИВЗ, Фетаху.
Тој додеде дека ќе биде транспарентен во работењето.
– Нашиот пат ќе биде знаење, транспарентност и неуморна работа во служба на верниците и граѓаните. Тоа ќе биде ИВЗ која со мудрост ќе одговори на сите предизвици што ги носи времето – рече Фетаху.
Фетаху досега беше вршител на должноста реис, а беше поставен по разрешувањето на Сулејман Реџепи.
Негов противкандидат на изборите беше Кани Несими, претседател на муфтиството во Тетово.