Шаќири прокламира поголема транспарентност на ИВЗ и повика на поголема одговорност во надминувањето на Ковид-19

Исламска Верска Заедница во Република Северна Македонија ќе ги почитува правилата на транспарентно и во секој момент и прилика ќе им овозможи на медиумските преставници изворни информаци со единствена цел истите да ги извршуват задачите и должности на правилен и независен начин, рече Фетах Шаќири, вршител на должност Реис на ИВЗ.

Вршителот на должноста претседател на ИВЗ, реисот Шаќири уште истакна дека оваа институција се залага за целосна транспарентност кон медиумите и јавноста, односно тие имале и ќе имаат поеднаков однос кон сите домашни и странски медиуми.

– Ние ќе бидеми отворени за сите медиуми. Ќе имате можност да поставувате какви прашање сакате. Ние ќе соработуваме со сите албански, турски, македонски. Моментално сме многу зафатени со делегации. Десет дена поминаа откако ја презедов функцијата. Ви ветувам дека ќе бидеме многу отворени со аргументи. Но, бараме да имаме искрен однос со вас, без некоја предрасуда, рече Шаќири.

Тој додаде дека медиумите ќе бидат поканети на сите настани на ИВЗ. Меѓутоа вршителот на должноста реис на ИВЗ, не одговори од кој причини е отстранет порашениот реис, Сулејман Реџепи. За разлика од неговиот претходник кој после молитвата на Рамазан Бајрам, го прогласи коронавирусот за мртов, Шаќири, истакна дека ИВЗ од првиот момент била во служба на олеснување да се надмине оваа болест.

– Ние сме верска институција и не сме компетентни да зборуваме дали болеста е вистинска или не вистинска. Институции кој се професионални и компетентни потврдија дека во некои делови на државата вирусот почнал пак да се шири со поголема брзина. Јас апелирам уште повеќе да бидеми сериозни, одговорни и да дадаме придонес за што побрзо да излеземе од оваа состојба, рече Шаќири.

Воедно тој потенцираше дека во сите џамии се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.