Од вчера па се до недела кога ќе им бидат врачени наградите на најдобрите, во просториите на „Здружението на слепи и лица со оштетен вид“, по 42 пат, ќе се одржува традиционалниот „Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид“.
Шахистите ги посети и ги поздрави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто на годинешните учесници им посака успешен турнир.
– Оваа спортската манифестација, којашто има долга традиција, односно годинава се одржува по 42 пат, спаѓа во активностите на градскиот Сојуз на слепи и лица со оштетен вид, а Градот Скопје со задоволство ја поддржува. Ме радува фактот што има и други фанинсиски поддржувачи на овој турнир, што е меѓународен и што од година во годуна станува се поквалитетен. Се надевам дека и во иднина ќе бидеме во можност да Ви помагаме,, а нашите служби секогаш ќе Ви бидат на располагање. Ви пожелувам успешен турнир и квалитетна спортска борба, истакна градоначалникот Трајановски.
Градот Скопје, преку Секторот за јавни дејности, согласно со програмата за повластен јавен градски превоз на лица со посебни потреби, за лицата со оштетен вид има издвоено 4.658.640 денари, односно им има доделено 329 бесплатни билети.
Исто така, Градот Скопје од Буџетот одвои 47. 700 денари и им обезбеди организирано патување на дводневна екскурзија во Струга на 150 членови од Здружението на слепи лица.
Шаховскиот турнирот во машка и во женска конкуренција ќе трае и во текот на викендот, а ќе учествуваат вкупно 35 шахисти , 26 од Македонија и 9 од странство, како и 8 учеснички од Македонија.
Градот Скопје од буџетот за спорт за 2014 година за реализација на оваа манифестација издвои 50.000 денари.