Шахпаска: Породилното ќе трае една година

Со новите измени во Законот за работни односи во породилното отсуство од работа ќе има можност да се вклучи и таткото. За дел од измените на овој закон на Алсат, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска појасни дека со новите измени, породилното отсуство би било околу 12 месеци, од кои 5 месеци се предвидени како задолжително отсуство на мајката. Остатокот, ќе може да се комбинира со таткото.

– Поаѓаме од стандардите коишто се воспоставени од Меѓународната организација на трудот и тука се препознаваат три категории: отсуство мајчинство, татковство и родителство. Би бил флексибилен периодот на родителството, да може едниот родител да отстапи дел од правото за тоа родителско отсуство на другиот родител…ќе гледаме да го најдеме балансот бидејќи предолгото отсуство на жената од пазарот на трудот ја става неа во подредена состојба –  рече министерката Шахпаска.