Поранешниот амбасадор, актуелен политички аналитчар и колумнист, Арсим Зеколи изнесува вчудовидувачко тврдење дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети намерно го девалвира премиерот Димитар Ковачевски и неговата СДСМ, бидејќи сака ВМРО-ДПМНЕ побрзо да дојде на власт.
Однесувањето на ДУИ не е скандалозно. Туку се смислена стратегија за помагање на ВМРО-ДПМНЕ преку понижување до дотепување на и онака декласираната СДСМ“, оценува меѓу другото Зеколи според кој целта е да се спречи опозицијата да соработува со ВМРО-ДПМНЕ.
Зеколи го изнесува и тврдењето дека партијата на премиерот Димитар Ковачевски – СДСМ е декласирана, дискретно најавувајќи забрзано нејзино тонење кон нерелавантност по примерот на социјалдемократската партија во Грција, ПАСОК.