Шакира ќе ги забавува гостите на свадбата на Ноле

Тенисерскиот ас Новак Ѓокович и неговата  свршеница Јелена во јули на преубавиот остров Свети Стефан ќе го кажат судбоносното „да“, а гостите на нивната луксузна свадба ќе ги забавува Шакира.

Покрај најблиското семејство на свадбената веселба ќе присустуваат и колегите на Ноле од тениските терени, но и бројни припадници на светскиот  џет-сет, како Роберт де Ниро, Марија Шарапова и Енди Мареј.

Шакира редовно ги гледа мечевите на Новак и е  негов голем обожавател. Тие се запознале на еден прием во Њујорк и потоа се сретнале уште на неколку хуманитарни настани. Прекрасната Шакира е воодушевена од неговиот шарм и духовитост.