Пејачката Шакира (44) само што објави слика во бикини и сите се прашуваат што крие таа со даската за сурфање?
Шакира на својот Instagram профил објави слика на која е во бикини и за два часа доби милион лајкови.
На сликите, Шакира лежи на даска за сурфање и носи светкаво бикини. Изгледа заносно бидејќи има тело како девојче. Покрај ова, таа објави и видео во кое сурфа ноќе во едноделен костим за капење.
Ова се промотивни слики и видео записот за новата песна: “#DONTWAITUP video- 2 hours away / faltan 2 horas.
– Беше многу забавно снимањето на спотот, играв и сурфав цела ноќ! Благодарност до сите што ми помогнаа да го снимам и се надевам дека момците уживаа исто како мене – ги потпиша Шакира сликите.
– WOW – беше главниот коментар за нејзиниот изглед и музика.
Шакира изгледа одлично, а сите се воодушевени што нејзината фризура остана иста. Имено, пејачката сè уште ја носи својата долга коса со диви кадрици.
Шакира нема снимено песна од 2018 година, а нејзиниот последен настап беше во 2020 година на Super Bowl Halftime Show кога настапи со Џенифер Лопез.
Шакира (44) има две деца, Милана (4) и Саша (2) и е омажена за фудбалерот Пике.