Шаленберг оди за канцелар, австриската опозиција обвинува дека Курц останува шефот

Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг се подготвува подоцна во понеделникот ќе ја положи свечената обврска за канцелар по оставката на досегашниот Себастијан Курц во екот на обвинувањата за корупција, но опозицијата е убедена дека новиот челник само ќе продолжи да ги извршува налозите на досегшаниот канцелар.

Партијата на Зелените, помалиот партнер на кознервативците на Курц, бараа оставка од канцеларот откако беше отворена истрага против него и уште девет лица поради сомневања во корупција и подмитување. Себастијан Курц, кој ги отфрла обвинувањата, ќе остане челник на Народната партија на Австрија (FOP) и се враќа во парламентот како шеф на пратеничката група на партијата.

Шаленберг е дипломат од кариера и близок советник на Курц, а инаку е релативно нов во политиката. Критичарите не веруваат дека ќе води индивидуална политика, а самиот тој одби за медиумите да коментира што и да е сѐ додека не ја поднесе свечената обврска за канцелар.

„Сите опозициски партии се согласни дека нема промена во системот на Курц. Тој сѐ уште ги има сите конци во своите раце, а новиот канцелар Шаленберг е дел од системот на Курц“, изјави за јавното радио ORF социјалдемократиот Каи Јан Крајнер, кој беше член на парламентарната комисија во рамките на истрагата за можна корупција во претходната влада на Курц.

Опозицијата го обвинува Курц за надзор над системипт кој ги заобиколува прописиет во прашањата како што се финансирањето на партиите и именувањето во државните фирми.

Против Курц во одвоена постапка се води истрага и за лажно сведочење, но тој тврди дека и овие обвинувања се лажни.

Антикорупциските обвинители ги сомничат функционерите на конзервативците од министерството за финансии за користењето на јавните средства за плаќање на политички огласи во еден таблоид во замена за следење и фаворизирање ан Курц и неговата партија во анкетите во 2016 година, кога Курц правеше обиди за преземање на водството на партијата. Тогаш успеа во тоа и суверено победи на паралментарниет избори следната 2017 година.

Австрискиот претседател Александер Ван дер Бален во неделата ѝ се извини на нацијата поради „имиџот на политиката кој е изнесен“ и додаде дека ова епизода сериозно ја разнишала довербата на јавноста во политичките институции и дека, во прв ред, вадлата треба да ја врати довербата на граѓаните.