Во улога на посредник, шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг, денеска во Скопје ги донесе последните ставови од Бугарија за кревање на ветото кон Македонија, откако вчера во Софија, како што рече водел интензивни разговори со бугарските власти за прашањето за Македонија.
За тоа дали Шаленберг во Скопје го донел делот од сложувалката која недостига за да се постигне договор меѓу Македонија и Бугарија и да се откочи стартот на преговорите за земјава со Европската унија, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, со став дека на на сложувалката и недостига нешто друго.
Шаленберг кој порача дека Австерија ќе биде вклучена и солидарна во последните чекори кои треба да доведат до старт на преговорите со земјава, рече дека Европската унија се наоѓа пред огромна геостратешка одлука соочена со војната во Украина, против која единствено оружје и е перспективата за проширување како нејзина геостратешка политичка задача.
За најавата од македонска страна дека доколку во јуни не се крене ветото во Унијата за земајва дека неформално ќе ги замрзне политичките преговори со Бугарија, Шаленбер рече дека е слушнал за тоа.
Османи пак со став дека не станува збор за закана.
За идејата пак на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање на Европска политичка заедница која би овоможила Украина и други земји кои не се во ЕУ да имаат поблиски односи со Унијата Османи вели дека тоа не се однесува на Македонија, која е во сосема други односи и процес со Унијата. Шаленберг кој не го сикоментира директно Макрон, со порака дека во регионот има кинески и руски наратив и оти Унијата мора да се спротивстави на тоа, сос тав дека Евбропската унија мора да се прошири и, како што го нарече регионот, внатрешниот двор на Унијата, мора да се интегрира во неа.