Шалке ја продолжи црната серија, Хофенхајм ја прекина

Фудбалерите на Шалке ја продолжија низата без првенствена победа на дури 10 натпревари, откако во дуелот од 28-то коло на германската Бундеслига во средата загубуја со 1:2 од Фортуна Диселдорф.

Шалке последната победа ја оствари на 17-ти јануари против Борусија Менхенгладбах, а потоа во следните десет кола забележа шест порази и четири ремија.

Кога Вестон Меккени во 53 минута ја доведе во водство екипата од Гелзеркирхен, се чинеше дека Шалке конечно ќе успее да оствари триумф. Меѓутоа, Фортуна со два брзи погодока успеа да направи пресврт. Израмни Роувен Хенингс во 63 минута, а пет минути подоцна Кенан Караман стрелаше за 2:1.

Фортуна со победата дојде до три важни бода во борбата за опстанок, остана на 16-то место со 27 бодови, но ја намали бодовната разлика на достижни бод односно два зад 15-от Мајнц односно 14-от Ајнтрахт. Шалке, пак, благодарејќи на добрите резултати од првиот дел сѐ уште е во горниот дел од табелата, на 9-то место со 37 бодови.

За разлика од Шалке, Хофенхајм ја прекина својата црна серија којашто траеше седум кола, совладувајќи го Келн со 3:1. Домашните по водството од 11 минута кое го донесе Кристоф Баумгартнер, ја искористи предноста од играч повеќе отккао во 26 минута кај гостите беше исклучен Себастијан Борнаув, па со два брзи гола на почетокот од вотриот дел, во 46 со вториот погодот на Баумгартнер и во 48 минута на Стевен Цубер поведе со 3:0. Во 50 минута силите на теренот беа израмнети откако кај Хофенхајм беше исклучен Бенјамин Хубнер, но играчите на Келн имаа сила само да го ублажат поразот во 60 минута преку Флоријан Кајнц. Келн имаше шанса во 77 минута да дојде до гол заостанување, но Марк Ут не реализираше удар од белата точка. Истиот играч промаши пенал и минатото коло против Фортуна во ремито 2:2.

Хофенхајм се одржува на високата седма позиција на табелата со 39 бодови, додека Келн остана на 34 бодови, и е на безбедното 11-то место.

Аугсбург и Падеборн одиграа без голови. Аугсбург остана на 12-то место со 31 бод, додека Падеборн се чини одамна е отпишан бидејќи речиси целата сезона е на последната позиција сега со 19 бодови, осум помалку од местата кои гарантираат опстанок во Бундеслигата.

Во првиот одигран дуел РБ Лајпциг ремизираше со берлинска Херта 2:2, а дуелот го одбележа несфатливата грешка на гостинскиот голман Руне Јарстејн. Норвешкиот голман во 68 минута самиот си даде гол за водство на домашните од 2:1. Патрик Шик биеше од работ на казнениот простор, Јарстејн одбрани, а потоа со десната рака некако ја одби топката во сопствената мрежа.

Херта поведе на овој меч во 9 минута со голот на Марко Грујиќ, но во 24 минута за домашните израмни Лукас Клостерман. Берлинскиот тим во 63 минута дојде до бројна предност, откако беше исклучен Марсел Халстенберг, но Лајпциг сепак успеа да поведе и да направи пресврт со споменатиот голмански подарок. Сепак, Херта успеа да израмни во 82 минута од пенал кој го реализираше Кжиштов Пјатек. Прекршокот го напрви Адемола Лукман соборувајќи го со невнимателен стар Матеус Куња.

За РБ Лајпциг ова беше четвртокот реми во последните пет кола, додека Херта и трет натпревар по продолжувањето на првенството е без пораз. Во првите два меча впиша две победи.

РБ Лајпциг сега е трет со 55 бодови, два помалку од Борусија Дортмунд и девет од водечкиот Баерн. Го следат четвртата Борусија Менхенгладбах и петтиот Баер Леверкузен со по 53 бодови. Херта продолжува полека да се искачува на табелата и во моментов е 10-та со 35 бодови.