![48-112-](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/48-112-.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот, воведува измени во работното време, информира Водовод.
Во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје од денеска, шалтерите за наплата на сметки ќе работат со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 8 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот.
Теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.
– Во овој момент, со цел почитување на препораките за спречување на ширењето на ковид -19, ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје за физички, а отсега и за правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. За полесен и побрз пристап до услугите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје на располагање на граѓаните е и мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS. – Искористете го вашето време разумно и скенирајте ги QR кодовите достапни на флаерот доставен со сметките за месец март, 2020 година, кои директно ве водат до мобилната апликација на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје и до електронските сервиси на e.vodovod-skopje.com.mk. Бидете во чекор со времето, пополнете го формуларот достапен на флаерот за електронска достава на вашата фактура, соопшти Претпријатието.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:
– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.