На денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“ се обрати претседателот на ГК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Шамбевски кој што ги повика младите да се приклучат кон УМС на ВМРО-ДПМНЕ за да ги направат промените во општеството, за слободна, модерна и интегрирана држава.
„Мојата генерација кога почна да ја осознава политиката и да пројавува интерес за истата да речеме кога имавме 13-16 години еве денес јас имам 22 години беше време кога владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, беше време на силен ентузијазам на економски просперитет време кога поевтинија студиите, средното образование стана задолжително, време кога власта имаше проекти мерки и иницијативи кои секојдневно се промовираа со една цел да се подобри животот на нас младите. Но за жал пропагандата лажните вести и црната кампања на нас кои бевме деца од 13 до 16 години но и на целото општество ни тврдеа дека живееме во режим, се со цел да ја донесат денешнава влада која дневно промовира по неколку коруптивни скандали. Го уназадија општеството до сегмент до кој не памтат ни нашите родители кои ја поминаа и живееја транзицијата. Затоа можам да кажам дека моментално живееме во најлошото време за Македонија но мојата генерација нема да заборави неколку работи, нема да заборави како не лажеа и како не манипулираа, како не искористија како алатка за овие криминалци да стигнат на власт. Никогаш нема да му заборавиме на тогашниот претседател на СДММ, Стефан Богоев за неговите ветувања за студентски градови или ветувањата на криминалците од неговата партија за младинска гаранција. Во овие седум години уништија систем се обидоа и пробаа да ни ја украдат перспективноста и да ни го украдат сонот но токму тука згрешија, токму тука не потценија и мислеа дека ќе не сопрат. Нема да не сопрат јас ви гарантирам дека мојата генерација тоа нема да им го дозволи. УМС на ВМРО-ДПМНЕ е организација на млади луѓе со еден ист сон, сон за слободна, независна, модерна, и интегрирана Македонија“, нагласи Шамбевски.