Шамбевски: Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат пријатно изненадување

Она што ме импресионира и она што го гледам дека се случувам, е дека навистина  ВМРО-ДПМНЕ ќе има одлична понуда со навистина нови докажани и препознаени лица во општините во кои што ќе бидат кандидирани за носители на градоначалничката функција, советите итн, истакна Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор во дневникот на Сител телевизија.

Шамбевски додаде дека ќе биде доста пријатно изненадување за граѓаните на Република Македонија.

„Мислам дека кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат пријатно изненадување“, појасни Шамбевски.