Шамбевски праша: Од кога Инспекторатот за локална самоуправа е надлежен за толуквање на Уставот?

Екс абмасадорот Оливер Шамбевски прашува од кога Инспекторатот за локална самоуправа е надлежен за толуквање на Уставот. Неговата реакција следи откако општините Аеродром, Кисела Вода и Штип добија опомена и рок во кој треба да потпишат нови свечени изјави.

Инаку, од државниот инспекторат за локална самоуправа за Сител велат дека изјавите без уставното име што ги потпишале се спротивни на Уставот. Решенијата се со рок од 15 дена по што повторно ќе извршат увид во општините. Од понеделник ќе проверуваат уште две општини.

Решенијата пристигнале доцна попладнево, по што општините се затекнати од информацијата дека добиле опомена и затоа немаат одговор како ќе постапат. Од Општина Аеродром најавија дека во понеделник ќе го разгледаат решението со службата на Советот по што ќе не известат како ќе постапат. И во Општина Штип ќе се одлучува во понеделник за кога е закажана и трета седница на совет на која е предвидено да гласаат ребаланс на буџетот.

Градоначалникот на Кисела Вода за Сител вели дека изјавите не се спротивни на законот за локална самоуправа но сепак ќе го разгледаат решението.

Според она што го пишува во решението, советниците од мнозинството ќе мора да потпишат нови свечени изјави, но и да се повторат одлуките кои во меѓувреме се донесени. Доколку советниците не постапат согласно насоките од инспекторатот, може да се соочат со мерката забрана за прописи што ќе доведе до блокада на работата во советот.