екој дипломат, особено високи дипломати како во случајов шпанскиот амбасадор во Македонија, мора да биде свесен и за перцепцијата и имиџот кои ги остава за него и неговата земја, во земјата домаќин. Особено треба да е свесен за ова кога решил да настапува на настан кој не е ништо друго, иако формално организиран од Владата, освен маскирана партиска активност на една владеачка партија, дизајниран да го поларизира општеството, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски.
Верувам, незамисливо Ви е… ама амбасадоре бидете свесен дека, иако овде еве се случи, немојте да мислите дека е прифатливо тоа што се случи и дека му правите услуга на имиџот на кралството кое го претставувате.
Јас, колега, во ваков случај, најискрено, професионално би се засрамил, макар и да имам формално оправдување за мојот настап“, пишува Шамбевски во својата објава.