Француската тениска федерација (ФФТ) објави дека го зголемила наградниот фонд на вториот грен селм турнир во сезоната Ролан Гарос за 10 % и дека тој ќе изнесува 25.000.000 евра. Со ова згоемување победниците на турнирот во машка и женска конкуренција ќе инкасираат по 1.400.000 евра
“Зголемувањето е резултат на четиригодишниот план за поголеми награди за победниците во машка и женска конкуренција , изјави генералниот дитектор на ФФТ, Гилберт Исерн.
Минатата година Вимблдон имаше вкупен награден фонд од 18.500.00 евра, на САД опен беше 20.000.000 долари, додека на Австралија опен изнесуваше 19.500.000 долари.