Шампионот Данска му даде 60 голови на Узбекистан

Репрезентацијата на Данска во голем стил ја стартуваше одбраната на титулата на Светското првенство за кадетки што се одржува во Македонија. Данките ја дмолираа репрезентацијата на Узбекистан со 60:18. Азискиот состав само 12 минути му се спротивстави на големиот фаворит, кој потоа целосно ја превзеде контролата и над играта и над резултатот, покажувајќи зошто важи за главен фаворит за златото и на шампионатот.

Две минути им беа потребни на данските ракометарки за да стигнат до +20 (29-9), максимално користејќи ги честите технички грешки што Узбекистанките продолжија да ги прават. Остатокот од мечот беше само формалност, данските ракометарки почнаа и со атракции да ги круниисуваат сопствените соло-акции.

Педерсен беше најефикасна со девет погодоци од исто толку обиди кон противничкиот гол, додека по осум пати мрежата на Узбекистан ја затресоа Богелунд и Кристијансен. Најефикасна во таборот на Узбекистан беше Абдулхамидова со девет погодоци.