Шампионски чекор на Работнички, Вардар мора да победи во Автокоманда

Убедливиот триумф од 6:2 во првенствениот дуел против домашниот тим на Ренова е само уште еден доказ дека фудбалерите на Работнички го имаат се тоа што е потребно за да најпосле ја освојат шампионската титула во македонската Прва фудбалска лига.
По пауза од неколку првенствени кола, фудбалерите на Пелистер освоија три бода откако со минимални 1:0 славеа во дуелот против новајлијата во елитното друштво, тимот на Еуромилк.
Многу потешко од очекуваното, тимот на Хоризонт од Турново забележа минимален триумф во првенствената пресметка против екипата на Гостивар, а фудбалерите на Шкендија не дозволија никакво изненадување во дуелот против екипта на Македонија ЃП.

Денеска со почеток во 15:00 часот на “Железарница” ќе биде одигран одложениот натпревар помеѓу екипите на Металург и Вардар.
Резултати: Гостивар – Хоризонт Т. 1:2, Македонија ЃП – Шкендија 1:3, Пелистер – Еуромилк 1:0, Ренова – Работнички 2:6, Напредок – Брегалница 1:3.
Табела: Работнички 53, Турново 50, Пелистер 50, Вардар 48 (-1), Металург 47 (-1), Шкендија 42, Брегалница 39, Ренова 36, Еуромилк 32, Македонија ЃП 26, Напредок 14, Гостивар 14.