Шангај: Ѓоковиќ во финалето против Синер за 100-та АТП титула

По Италијанецот Јаник Синер, моментално тенисерот број еден во светот, во финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Шангај се пласираше и еден од најуспешните во историјата на овој спорт, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Четвртиот носител Ѓоковиќ во полуфиналето го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:4, 7:6(6), што го донесе чекор поблиску до освојување на јубилејната 100-та АТП титула во кариерата. На тој пат му се испречува уште само Синер, кој претходно во полуфиналето го победи Чехот Томаш Мах ач со 6-4, 7-5.

Ѓоковиќ пред Шангај го играше годинава единственото финале на Вимблдон во 2024 година, каде беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз, а многу брзо потоа истите играчи се соочија во финалето на Олимписките игри во Париз, каде славеше Ѓоковиќ.

Фриц имаше добра шанса да го одведе полуфиналето против Ѓоковиќ во третиот сет, но пропушти водство од 5-3 во тај-брејкот од вториот сет и на тој начин загуби по десетти пат во исто толку мечеви против Ѓоковиќ.

Финалистите од Шангај досега играа меѓу себе седум пати, а Ѓоковиќ води против Синер со минимални 4-3.