![sar-planina-turisticki-centar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/sar-planina-turisticki-centar.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Со 66 гласа „за“ во Собранието Шар Планина од денес станува четврт национален парк во нашата земја, откако планината Галичица беше последна заштитена во 1958 година, изјавува министерот за животна средина Нуредини во соопштение. По разни контроверзии и барања на граѓаните, Шара, заедно со Пелистер, Маврово и Галичица ќе биде наше заштитено природно благо.
Нуредини е задоволен што граѓаните го постигнале овој историски успех, се вели во соопштението, и се додава дека ова е нова можност за развој на Шара и полошкиот регион.
Дури две третини од сите растенија во Македонија живеат на Шар Планина. Таа е ризница на био и геодиверзитет, полна пејсажи, природни и културни убавини. Шар Планина има огромен хидропотенцијал, а за ситуацијата со ски-центрите останува да видиме.