„Шарените“ за Заев: Колку треба да си прост и алчен…

Учесничка во движењето “Шарена Револуција” Ангела Илиевска се прашува колку требало лидерот на СДСМ да биде алчен и прост за да објави пост на Фејсбук со кој докажува дека се пофалил со контрола на граѓанските организации пред да дојде на власт.

Илиевска смета дека некој друг му пласирал објава на социјалните мрежи а тој го прифатил затоа што бил прост и алчен. Во исто време Илиевска вели дека со оваа реакција на Заев веќе никој нема да верува во граѓански автентични движења.

Целиот статус на Илиевска:

Колку треба да си прост и алчен за да ти пласираат таков пост и како поранешен премиер да го протнеш на фејсбук?!

На улица и по паркови спиеја средношколци карши Мон, тие не беа твои, беа свои.

Тоа беа млади луѓе кои се граделе како личности и се спротивставувале на систем.
Дали тие некогаш ќе веруваат во спонтани протести?- НЕ!

Во кампусот на факултетите спиеја млади луѓе, оформени личности, имале енергија, имале сила, излегле илјадници.

Дали тие после се ќе веруваат во спонтани протести?! – НЕ!

Во АЈДЕ имаше активисти кои беа спремни да спијат пред Уставен. Не наместивте, не распаднавте.

Дали после се ќе веруваат во спонтани протести?! – НЕ!

Се случи Шарената револуција.

Казни, малтретирања, следења.
Дали после се учесниците ќе веруваат во спонтани протести?! – НЕ!

Дали сте свесени дека целиот протестен период го загадивте до степен што ниеден млад човек повеќе нема да верува во граѓанскиот активизам?!

Дали си свесен дека токму поради тие твои ликови , кои свесно се нашле низ сите овие движења и поради тебе и поради “политиките” кои ги спроведуваш, никогаш повеќе во Македонија граѓаните нема да веруваат во протестни движења?!

Твои?! Па ти човече више не можеш ни за себеси да кажеш дека си свој!!!!