Според проценки од „бизнисот“ на Дарко Шариќ и неговиот клан, кој што годишно носи профит од милијарда долари, минимум четири милијарди се испрани во Србија.
Иако во овој момент вниманието на јавноста го окупираат деталите околу апсењето на Шариќ, многу брзо во центарот на интересите ќе биде прашањето кој од високите претставници на институциите и политичарите од 2000-та година бил дел од овие бизниси, доколку наркобосот одлучи да ги изнесе деталите околу неговите работи во Србија, пишуваат српските медиуми.
Истрагата, без разлика на тоа колку ќе биде детална, веројатно никогаш нема да успее прецизно да утврди ниту колку од нечистиот капитал влегол во земјата во изминатите 15 години, ниту колку и кои фирми биле вклучени во тоа.
Она што може да се обелодени е логиката која што нарко-картелот ја имал во врвот на повеќе владејачки гарнитури во сите изминати години и без кои дури ни досега познатиот обем на работи, означен како „врв на замрзнатиот брег“, не би можел да се развие. Најскромните проценки говорат дека зад тој „бизнис“ кој годишно носи профит од милијарда долари, минимум четири милијарди се испрани во Србија, а се стравува дека тој износ може да биде барем двојно поголем.