Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишелм, ќе се кандидира на европските избори и, доколку биде избран, ќе ја напушти сегашната функција во средината на јули, објавија белгиските медиуми.
„Решив да се кандидирам на европските избори во 2024 година“, изјави Мишел за белгискиот весник De Standaardu.
Информацијата во меѓувреме е потврдена и за други белгиски медиуми и за европското издание на Politico.
„Ако бидам избран, ќе го заземам своето место во Европскиот парламент. Европскиот совет може да го избере мојот наследник кон крајот на јуни, на почетокот на јули“, рече Мишел.
Доколку не го сторат тоа, унгарскиот премиер Виктор Орбан, чијашто земја ќе го преземе ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија во јули, ќе претседава со состаноците на европските лидери, посредничка улога што обично ја има претседателот на Европскиот совет.
Ова сценарио најверојатно ќе го избегнат сите останати 26 лидери на земјите од ЕУ, со оглед на ескалацијата на тензиите меѓу нив и Орбан поради поддршката за Украина и владеењето на правото во Унгарија, пишува Politico.
Ова е првпат актуелниот претседател на Советот да биде кандидат на изборите за Европскиот парламент. Мишел вообичаено би останал на работното место до крајот на ноември, додека не се формира новата Европска комисија.
Иако потегот на Мишел е целосно легитимен, тој врши дополнителен притисок врз европските лидери, бидејќи тие обично имаат повеќе време да преговараат за распределбата на важните места што секогаш доаѓаат по европските избори.
Европските парламентарни избори ќе се одржат во сите 27 земји на Унијата од 6. до 9. јуни. Потоа, лидерите треба да се сретнат на 17. и повторно на 27. и 28. јуни. Тие најверојатно ќе се обидат да постигнат договор за смената на Мишел на тие состаноци, иако позицијата шеф на Европскиот совет обично е дел од долгорочната трговија меѓу политичките групи откако ќе бидат јасни изборните резултати, додава Politicо.
Четириесет исоумгодишниот Шарл Мишел е поранешен белгиски премиер кој е претседател на Европскиот совет од 2019 година. На годинешните избори за Европскиот парламент, тој ќе биде водечки кандидат на неговото Движење за реформи, белгиска партија од десниот центар.