Шарл Мишел во ненајавена посета на Киев

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, допатувал во средата во Киев, каде што во текот на денот ќе се сретне во текот на денот со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Мишел објави твит со фотографија од неговото доаѓање на железничката станица во Киев.

„Денеска во Киев, во срцето на слободна и демократска Европа“, објави на Twitter Шарл Мишел.

Извори од ЕУ велат дека Мишел ќе го примиат украинската министерка за европски и евроатлантсни интеграции Олга Стефанишина, а подоцна и со претседателот Зеленски. Според истиот извор, посетата на Мишел не била најавена поради безбедносни причини.

Последниете седмици Киев го посетија неколку челници од државите членки на ЕУ, како и претседателката на Европската унија, Урсула фон дер Лејен. Но се чини американскиот претседател Џо Бајден нема да се одговори на поканата на Зеленски да ја посети украинската престолнина.