Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски одржа презентација на можностите за инвестирање во Македонија пред бизнисмените во Франција.
На презентацијата присуствуваше и Стив Шарп, кој е претседател и извршен директор на компанијата Еуромакс Рисорсис.
Тој има почетна инвестиција во областа на металската индустрија во Македонија и го истакна позитивното искуство од соработката со македонската Влада и од инвестициската клима во Македонија.
-Нашето искуство во Македонија е апсолутно одлично. Од Владата покажаа разбирање за сите работи за кои разговаравме, а кои се издржани. Начинот на кој тие имаат интеракција со бизнисот е како никаде на друго место, другите европски држави можат да научат важна лекција од Македонија во начинот на привлекување на странските инвеститори. Имаме редовен дијалог и дваесет и четири часовен пристап во комуникацијата со министрите, изјави Шарп.