Шеесет лица се уапсени во саботата во центарот на финската престолнина Хелсинки на протестите против ограничувањата воведени поради сузбивање на епидемијата на коронавирусот, соопшти финската полиција,
„Полицијата приведе 60 лица на протестите против коронавирусните мерки. Едно лице е осомничено за насилно пружање отпор на полициските службеници. Останататите ќе добијат казни за непочитувањето на полициските наредби“, објави хелсиншката полиција на Twitter.
Се посочува дека во согласност со донесените прописи, полицијата била известена за протестен собир на кој ќе се соберат само шест лица кој започнал во 14 часот по локално време. Поради епидемијата во Хелсинки во моментов се забранити се собирите се повеќе од шест лица.
Но во текот на настанот број на демонстрантите достигнал 300 учесници. Поради непочитување на наредбите на полицајците да се разотидат, полицијата ја запрела поворката и привела 50 лица. Демонстрантите се разотишле, а потоа околу сто лица повторно се собрале во паркот Еспланадин каде што полицијата привела уште 10 лица, додаде Јармо Хајнонен комесар на полицијата на Хелсинки.
За разлика од другите западни земји, во Финска релативно се ретки протестите против рестриктивните мерки во екот на епидмијата, а во Хелсинки досега се одржа протести на 20-ти март, како и на 10-ти и 18-ти април, по што некои од учесниците беа парично казнети.