![daniel ortega](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/daniel-ortega.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Вкупно 59 земји во вторникот повикаа на слободни и правични избори во Никарагва, по неодамнешните апсења на опозициските политичари.
Под претседателствување на Високата комесарка за човекови права Мишел Вачелет, Советот за човекови права на Обединетите нации, инстотуција основана пред 15 години, на 47-то заседание во седиштетот во Женева кое почна во вторникот расправа за бројни кризи во поедини држави во светот, меѓу кои се Кина, Мјанмар, Белорусија и Никарагва.
„Никарагванците заслужуваат слободни и правични избори преку транспарентен и кредибилен процс, како и мирно решение на оштествено-политичката криза во земјата“, се наведува во заедничката изјава коај ја потпишаа САД и нивните латиноамерикански сојузници и западноевропски земји.
„Самоволното распуштање на политичките партии и кривичната постапка против повеќето претседателски кандидати и неистомисленици се особено загрижувачки. Повикуваме на нивно ослободување“, се наведува во соопштението.
Според овие известувања, повеќе од десет владини критичари биле уапсени изминатите седмици, вклучително и неколкуи потенцијални кандидати на опозициските коалиции на претседателските избори кои се закажани за 7-ми ноември годинава.
Опозицијата во Никарагва го обвинува за авторитарност претседателот Даниел Ортега и некогашниот сандинастичкиот револуционер против диктаторот Анастасио Сомоса, дека се обидува да ги елиминира можните ривали пред изборите.
Поранешниот револуционер владееше Никарагва прво од 1979 до 1990 година, а потоа од 2007 година до денес. Партијата на Ортега во 2014 година со уставната реформа укина ограничување на бројот на претседаетлкит мандати за тој да може да остане претседател.