Триесет и тригодишен кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од неговиот претпоставен. Нападот се случил во фабриката во која работи.
– Вчера во ОВР Кавадарци, Р.С.(33) пријавил дека во кавадаречка фабрика во која работи, бил физички нападнат од неговиот претпоставен, на возраст од 39 години – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.