Шефица на германска уметничка манифестација поднесе оставка по обвинувања за антисемитизам

Директорката на една од најголемите германски уметнички смотри „Documenta 15“ која се одржува во градот Касел, поднесе оставка по полемиката предизвикана од објавата на некои содржини кои се оценети како антисемитски, објавија во саботата организаторите на оваа реномирана манифестација.

Манифестацијата „Documenta 15“ е спектакл кој секои пет години на три месеца го вбројува Касел на уметничката мапа на светот. И пред отворањето на изложбата претходно годинава организаторите на манифестацијата беа обвинети за антисемитизам, бидејќи во програмата вклучиле групи и уметници кои повикуваат на културен бојкот на Израел поради постапувањето на ова земја кон Палестинците.

Надзорниот совет на „Documenta 15“ изрази „длабоко запрепастеност од фактот дека мотиви коишто не се јасно антисемитски би можело да бидат претставен на изложбата“, беше објавено во јуни на отворањето на манифестацијата.

По полемиката, договорено е дека директорката на манифестацијата Сабине Шорман да го раскине својот договор. Индонезиската уметничка група „Ruangrupa“, којашто ја води годинешната „Documenta 15“, како и организаторите, ги отфрлија обвинувањата за антисемитизам.

Воспоставија и форум на тема „дискусии за темелните права ан уметничките слободи наспроти растечкиот расизам и антисемитизам, како и исламофобијата“.

Делото на индонезискиот уметник Таринг Пади под насловот „People Justice“ е прекриено, по повеќекратните критики, како од страна на еврејските здруженија, така и од германски политичари, меѓу другото и од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнамер и државната секретарка за култура Клаудија Рот.

На споменатото платно со големи димензии, меѓу другото, е прикажан и војни со свинска рилка, Давидова ѕвезда и шелм со натписот Mossad, односно тајната служба на Израел.

Израелската амбасада во Берлин објави дека поедини дела изложени на манифестацијата потсетуваат на антисемитската пропаганда на Јозеф Гебелс во времето на нацистичка Германија во Втората светска војна, кој се смета за инспиратор на холокаустот.

Уметничкиот тим се извини и појасни дека станува збор за критика на диктатурата на поранешниот индонезиски претседател Сукарто.

Германскиот претседател Штајнмаер го критикуваше „безобѕирниот, несериозен“ пристап на уметникот кон Израел, порачувајќи дека „уметноста не смее да биде навредлива, таа би требало да поттикнува дискусија“.

„Црвената линија е мината во моментот во кој се проблематизира постоењето на Израел како држава“, изјави Штајнамер на отворањето на 15-то издание на Фестивалот на современата уметност и истакна дека „признавањето на Израел како држава е основа и предуслов за секоја дискусија во Германија“.

Покрај Венециското биенале, „Documenta 15“, е една од најголемите манифестации на современата уметности и трае 100 дена, а ќе биде затворена на 25-ти септември.