Шефот на британската армија оцени дека руските одбранбени линии се појаки отколку што процениле на Западот

Одбранбените линии на руската војска во југоисточна Украина се поажала посилно утврдена отоколку што верувале на Западот, поради што украинската противофанзива се одвива со забавено темпи, изјави началникот на генералштабот на британската одбрана, адмиралот сер Тони Радакин кого го цитира весникот The Times.

Според воени експерти, руската војска го искористила периодот на долгото подготвување на украинската противвофанзива и колебањето на западните сојузници на Киев да му ги испорачаат неопходните вооружени системи, во најголемиот дел од долгиот релиси 1.200 километри фронт во Украина на заземената територија да изградат одбранбена линија, коајшто ја нарекуваат Суровикин линија, според командантот Сергеј Суровикин, којашто се состои од неколку редови миниски полиња, утврдени противтенковски препреки по длабочина што на украинските команданти им одзема ресурси и време во испитување на нејзините слаби точки.

Според Радакин, оние кои ја следат ситуацијата на фронтот отстрана би требало да ги намалат очекувањата дека украинската противофанзива за кусо време може да даде значајни напредувања. Адмиралот верува дека во моментов сушност се води „војна на истоштување“, во која за постигнување победа потребни се и воена и економска моќ.

„Војските победуваат во битките, но економијата и издржливоста, како правило, се тие што ги добиваат војните“, вели Радакин.

Истакнува дека задачата на украинските сили е комплицирана поради недоволната воена обука меѓу украинските мобилизирани војници, како и несинхронизираноста на вооружувањето, меѓу кое има оружја и од советско време и современа западна опрема. Покрај тоа, Радакин споменува и дека Киев доцнел со носење на одлуката да ја започне контраофанзивата.

„Ако го погледнете почетокот на противофанзивата, имаше моменти кога Украина сакаше да дојде до поголемо количество воена опрема и муниција. Потоа дојдоа лошите временски прилики и тоа влијаеше (на почетокот на противофанзивата)“, вели Радакин надоврзувајќи се на претходните анализи на британското Министерство за одбрана дека пречка за украинското напредување е и лошиот и обраснат терен.

„… Потоа беше направена воена анализа за (способноста на) Русија. И тогаш (се покажа) дека всушност дел од руската одбранбенин позции се покажа посилен отколку што првично се претпоставуваше“, посочува британскиот адмирал кој во четвртокот, истовремено кога во The Times е објавен разговорот, го посети Киев заедно со новиот британски министер за одбрана Грант Шапс.

Украинската војска тргна во долгонајавуваната протиофанзива чијашто цел е прво отсекување на јужната копнена врска со црноморскиот полуостров Крим со Русија, како и ослободување на југоисточните територии. И покрај изјавите од Киев и од некои западни политичари за „одредени успеси“ на протиофанзивата, западните воени аналитичари и експерти предупредуваат дека станува збор за напредување во просторот меѓу позициите на двете војски и заземање на неколку испразнети населени места и безначајна по површина територија, но дека сѐ уште нема судири на привте линии на руската одбранбена линија.

Русија, којашто не ги објавува своите загуби во борбите, пред две седмици тврдеше дека од почетокот на јуни Украина загубила 71.500 војни и околу 18.500 единици тенкови и други оклопни борбени возила. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојги на 26-ти септември тврдеше дека само во септември загинале над 17.000 војници, како и дека противофанзивата „не даде позначителни резултати“.