Руската воена разузнавачка служба (ГРУ) се обидува да предизвика „хаос“ низ Велика Британија и Европа, изјави во вторникот шефот на британската разузнавачка служба MI5, додавајќи дека зголемената закана од Ал Каеда и Исламската држава е негова најголема грижа кога станува збор за тероризам.
Кен МекКалум, заолжен за внатрешна безбедност на MI5, во своето гоишно обраќање, исто така, го обвини Иран за „заговор по заговор“ на британска територија.
МекКалум рече дека бројот на истраги за потенцијални закани за земјата се зголемил за 48 отсто минатата година, бидејќи Русија и Иран се свртеле кон криминалците, шверцерите на дрога и посредниците за да ја завршат својата „валкана работа“. „Ќе ви биде јасно дека MI5 има пеколна работа пред нив“, рече тој.
Изнесувајќи ги заканите за Велика Британија, МекКалум додаде дека MI5 и британската полиција спречиле 43 заговори од март 2017 година, од кои некои биле во последните денови на планирањето масовни убиства.
МекКалум рече дека е најзагрижен поради зголемената закана на Ал Каеда, која се обидува да го искористи конфликтот на Блискиот исток, а особено Исламската држава, која продолжи да шири тероризам, наведувајќи го нападот на концертната сала во Москва во март.
Сепак, конфликтот на Блискиот исток сè уште не се преслика во иста мера како и насилството на милитантните во Обединетото Кралство, рече МекКалум.
Од луѓето кои се под истрага за вмешаност во терористички активности, 13 отсто се малолетни, што претставува трикратно зголемување во изминатите три години, додаде.
Сепак, поголемиот дел од говорот на МекКалум беше посветен за наводните закани коишто за Велика Британија според него преставуваат Русија и Иран.
И покрај протерувањето на повеќе од 750 руски дипломати од Европа откако Русија, само по инвазијата во Украна од крајот на февраури 2022 гоина, без претходните протерувања, како и протерувањето на последниот руски воен разузнавач од Велика Британија претходно оваа година, МекКалум рече дека „паѓа вочи“ тоа што руските државни актери се свртуваат кон посредници за да ја завршат својата работа. .
„ГРУ особено е во постојана мисија да создаде хаос на британските и европските улици: видовме подметнување пожари, саботажа и многу повеќе. Опасни постапки изведени со сѐ поголема безобзирност“, рече британскиот разузнавач вообичаено без да презентира ниедна поединост или доказ.
Додаде дека од јануари 2022 година, неговата служба и полицијата на 20 заговори спонзорирани од Иран кои претставуваат потенцијална смртоносна закана за британските граѓани и жители.
„Видовме заговор по заговор овде во Обединетото Кралство, во невидени размери и со невидена брзина“, изјави тој.