Шефот на CIA се сретнал со рускиот колега и предупредил на употреба на нуклеарното оружје

REUTERS/Larry Downing/File Photo

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Вилијам Барнс престојува во Турција каде се сретнал со челникот на руската агенција за надворешно разузнавање СВР, Сергеј Наришкин, за да пренесе порака за последиците од евентуалното руско користење на нуклеарно оружје, тврди без докази за средбата за Reuters неименуван извор од Белата куќа.

За руско-американската средба во Турција извести рускиот весник Комерсант. Наведе анонимен извор дека Наришкин наводно чќе присуствува на тие разговори. Белата куќа тогаш соопшти дека Барнс, кој е поранешен американски амбасадор во Москва, нема да учествува во никакви разговори со Наришки.

Украина однапред била известена за посетата на Барнс на Турција, рекол неименуваниот извор од Белата куќа за Reuters. Барнс „не разговара за спогодба по прашањето на војната во Украина, туку пренесува порака за последиците од руското користење на нуклеарното оружје“, рекол истиот извор.

Коментаторите наведуваат дека е малку веројатно дека темата на наводниот разговор на Барнс и Наришкин би било нуклеарното оружје, имајќи предвид дека американското разузнавање и Пентагон изминатиот месец повеќепати изјавија дека „не гледаат“ подготовки на Русија за користење на нуклеарно оружје во Украина.

Од Кремљ на барање да го коментираат пишувањето на Комерсант, изјавиле дека ниту можат да потврдат, ниту да негираат. Од СВР не одговориле на барањето на Reuters за коментар,.

Покрај војната, САД и Русија имаа низа нерешени прашања за кои треба да разговараат, од барањето на Москва за неширењето на НАТО кон руските граници, од продолжувањето на договорите за нуклеарно оружје од кој САД се повлекоа или оставија да бидат продолжени по автоматизам, до можната размена да заробеници и војната во Сирија, каде што владата во Дамаск обвинува дека американската војска продолжува со нелегалното експлоатирање на нафтените наоѓалишта кои ги зазема со инвазијата на нејзините сили во оваа блискоисточна земја.