Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Вилијам Барнс, поранешен амбасадор во Москва, изјави во четвртокот дека процените на разузнавачите се дека следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина соочена со руската офанзива, и велејќи дека последните седмици руската војска остварува „некои помали“ напредувања на фронтот.
Обраќајќи се на настан посветен на надворешната политика на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Барнс, исто така, изјави дека CIA проценува дека кинескиот претседател Кси Џинпинг е „малку отрезнет“ од војната во Украина, но дека би било погрешно да се потцени верноста на Пекинг кон Москва во заедничкото партнерство.
Русија и Кина потпишаа партнерство „без ограничување“ ланскиот февруари, непосредно пред почетокот на руската инвазија во Украина, а нивните економски и воени врски се зацврстуваа со санкциите без преседан што ги воведе Западот против Русија којашто целосно се сврти кој Азија.
Пекинг не ја осуди како што инсистираа САД руската воена операција во Украина, но Западот досега не известува дека ѝ дава материјална поддршка на Москва оценувајќи дека Кина се плаши да не ѝ бидат воведени санкции како оние на Русија. Меѓутоа, изминатата година Русија и Кина изведоа најмалку десет заеднички воени маневри, далечни поморски и воздушни патролирања на Пацификот, а подоцна во февруари бродовите на воените морнарици на двете земји ќе учествуваат во заеднички вежби со Јужноафриканската Републики во Индискиот Океан близу африканскиот брег.
Но Барнс, кој неодамна патуваше во Киев на средна со украинскиот претседател Володомир Зеленски, тврди дека кинескиот претседател Кси Џинпинг „веројатно е изненаден и вознемирен од лошиот учинок на руската војска“. Барнс додаде и дека пријателството меѓу Рисија и Кина не е безгранично.
„Мислам дека е погрешно да се потценува взаемната доследност во тоа партнерство, но тоа не е пријателство потполно без граници“, тврди шефот на CIA.
Руската инвазија ги поттикна стравувањата дека Кина би можела да преземе сличен потег кон Тајван кого го смета за своја одметната покраина. Но и покрај тоа САД со повеќе потези од почетокот на украинската војна го разгневија Пекинг кој презема веќе континуирани воени вежби во Тајванскиот теснец и порачува дека не ја исклучува можноста од враќање на островот во матичната земја и со употреба на сила.
Според Барнс, кинескиот претседател Кси и натаму има сериозни амбиции во врска со Тајван и предупреди дека судирот околу островот би бил „изразено несреќен“ а сите вклучени.
Бранс рече и дека САД знаеле „како разузнавачка работа“ дека Кси ѝ наредил на кинеската армија да биде подготвена да изврши инвазија врз Тајван до 2027 година.
„Тоа не значи дека решил да ја изврши инвазијата во 2027 година или која и да е друга година, но тоа е потсетник на сериозноста на неговиот фокус и амбициите“, оцени Барнс.
Во текот на говорот на Барнс пристигна информацијата дека наводни кинески шпионски балон лета над САД веќе неколку дена, како и дека високи американски функционери му советувале на претседателот Џо Бајден да не го соборува поради стравување дека парчиња од него би можеле да претставуваат безбедносна закана.
Барнс не се осврна на тоа, но Кина ја нарече „најголемиот геополитички предизвик“ со кој во моментов се соочуваат САД.
„Натпреварувањето со Кина е единствено по својот обем, и навистина се одвива во речиси сите домени, не само воени и идеолошки, туку и економски, технолошки, како и од кибернетичкиот простор до Вселената. Тоа е глобално натпреварување на начини кои би можело да бидат уште поинтензивни отколку што беше конкуренцијата со Советите“, рече Брнс.
Челникот на CIA зборуваше и за прашањата врзани со Блискиот исток, тврдејќи дека владата на Иран сѐ повеќе е вознемирена од настаните внатре во земјата, наведувајќи ја „храброста“, како што ја опиша, на иранските жени на коишто им е „преку главата“. Изрази загриженоста од можното зголемување на насилствата меѓу Израелците и Палестинците.