Главниот директор на американскиот технолошки гигант Google, Сундар Причаи, ќе го замени Лари Пејџ како главен извршен директор на матичната компанија Alphabet Inc., соопшти компанијата во вторникот на својот блог, што ја покажува сѐ помалата јавно улога на основачите Лари Пеџ и Сергеј Брин во компанијата која заеднички ја основаа пред 21 година.
„Иако претставуваше голема привилегија толку долго длабоко да се очекува во дневното управување со компанијата, мислиме дека е вреем да ја преземеме улогата на горди родители – нудејќи совет и љубов, но не и дневно приговарање!“, напишаа Пејџ и Брин во блогот.
Компанијата Alphabet, кој исто така ја поседува технолошката компанија за автономните возила Waymo, компанијата Verily за софтвер за здравствена грижа и неколку други компании, се појави во 2015 година, како дел од корпоративното преструктуирање. Пејџ сакаше да се насочи на новите компании, додека оперативните одлуки во Google како најголема единица на Alphabet му ја препушти на Пичаи.
Пејџ и Брин ќе останат директори, но своите позиции главен извршен директор односно претседател веднаш ќе ги отстапат, соопшти Alphabet, откако двајцата заедничка изјава соопштија дека „време е да се поедностави управувачката структура“.
Пејџ и Брин ќе бидат во бордот на директороте на Alphabet. Тие забелеќаа дека имаат намера „активно да учествуваат“ во работата на холдингот. „Покрај тоа, планираме да продолжиме редовно да се консултираме со Сундар, особено за по прашањата во кои сме вовлечени“, истакнале.
Компанијата Google која ја основаа Пејџ и Брин првпат е основана како приватно претпријатие во септември 1998 година. Од 2015 година Google стана дел од Aplhabet, чијашто пазарна капитализацја надминува 890 милијарди долари.
Според податоците на телевизиската мрежа CNBS News, Пејџ во моментов има 5,8-процентен удел во Alphabet, а Брун 5,6 отсто. Пичаи е сопственик на удел од 0,1 отсто.