Шефот на грчката дипломатија утре доаѓа во Скопје

epa11085039 Greece's Foreign Minister, Giorgos Gerapetritis, attends a joint press conference with his Egyptian counterpart after their meeting at Tahrir Palace in Cairo, Egypt, 17 January 2024. EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, утре доаѓа во Скопје. Во ек на заострената реторика со официјална Атина, грчкиот МНР Герапетритис во последен момент одлучи дека ќе учествува на Самитот и Министерскиот состанок, во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, кој ќе се оддржи во Скопје. Неофицијално, Герапетритис во Скопје ќе остабе само 2 часа. Герапетритис ќе го придружува грчката заменик министерка Александра Пападопулу, која пак се очекува да остане два дена во Скопје.

Министерот за надворешни работи Османи, денеска пред медиумите, потврди дека утре ќе има средба со грчката делегација и дека на масата ќе се отвори темата – имплементација на Преспанскиот договор од двете страни.

Османи имаше и порака до шефицата на државата за како што кажа – соопштенијата од кабинетот на Сиљановска, каде се именува како македонската претседателка. 

– Согласно Преспанскиот договор, придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен. Значи се што е македонски, се однесува на македонската етничка заедница. И отука, мислам дека треба да се почитуваат тие одредби, бидејки отвораат нови прашања. Исто е и по однос на името на државата. И мислам дека најкоректниот однос е да се каже: Ние можеби имавме разлики, но тоа е реалност. Ако имаат начин да ја смена реалноста, нека повелат, тоа е демократски процес. Но додека не ја сменат реалноста, таа треба да се почитува, вели Османи. 

– Ние креиравме еден документ, колку е имплментирано од наша, а колку од грчка страна. Јас сум бил сведок, кога многу од нашите меѓународни партнери ме убедувале, уште само името и завршена е работата. Но, гледаме дека не било само така, вели Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО ДПМНЕ.