За неколку туристи во Грција, годишниот одмор се претворил во кошмар. Се повеќе се извештаи за исчезнати туристи, а некои од нив потоа ги наоѓаат починати.
Серијата на исчезнати ја почна познатиот ТВ водител Мајкл Мозили, кој подоцна беше пронајден мртов на една од планината. Се претпоставува дека паднал од жештината, и починал.
Досега загинаа петмина туристи, а се зголемува секојдневно бројот на исчезнувања.
Можна причина за оваа серија на исчезнувања и смртни случаи е невниманието на туристите во ек на пеколни температури во Грција, сооштува шефот на спасувачката екипа на остворот Самос, Димитри Катазис, кој апелира туристите да бидат повнимателни.
„Излегуваат на отворено на 41 степен без капа или шешир. Тоа е надвор од секоја логика, и тоа е кобна грешка“, рече Катазис.
Манусос Ставракис, туристички водич од Крит рече дека туристите често ги преценуваат своите можности.
„Некои луѓе го почнуваат патувањето во несоодветни обувки, не се заштитуваат од сонцето, и не земаат вода. Покрај тоа многу туристи не се запознаети со оваа област. Ако се загубите, тоа може да биде кобно за вашиот живот“, изјави Ставракис.